СОВЕТОТ НА ОПШТИНА ПУСТЕЦ ДОНЕСЕ ОДЛУКА ЗА ВРАЌАЊЕ НА МАКЕДОНСКИТЕ ИМИЊА НА СЕЛАТА ВО ОПШТИНА ПУСТЕЦ

Законот на албанскиот Парламент од 18 март 2013 година, со кој се врати македонското име на општина Пустец, го отвори патот да Советот на општина Пустец ги врати имињата на селата кој се албанизирани во  1973 година од страна на тогашниот комунистички парламент на Албанија.

Од гласањето во Советот на општина Пустец

Од гласањето во Советот на општина Пустец

Советот на општина Пустец на својата седницата од 15 април 2013 година, едногласно донесе одлука со која се врќаат македонските имиња на селата во општина Пустец, Мала Преспа.

Ова одлука треба во рок од 10 дена да ја одобри Префектурата во Корча со што станува правосилна.

Со ова одлука се врќаат следните македонски топонимии на селата во општина Пустец:

ZaroshkëЗрноско

LajthizëЛеска

Djellas – Шулин

Gollomboc – Глобочени

Kallamas – Туминец

Goricë e Madhe – Горна Горица

Goricë e Vogël – Долна Горица

Градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко за весник Македониум изјави дека од сега сите села во општина Пустец ќе се викаат со старите македонски имиња и дека неправдата нанесена од комунистичкиот систем е исправена.

“Сега чекаме само формално Префектурата на Корча да ја одобри ова одлука на Советот на општина Пустец”. – изјави Темелко за весник Македониум. (Македониум)