Моме ле, моме, ѓузел убаво
– Моме ле, моме, ѓузел убаво,
та што ми носиш црна марама,
црна марама глава врзана?
Али мајка жалаш, али татко плачиш?
– Ни татко жалам, ни мајка плача,
туку си го жала мојето лудо,
моето лудо чужда чуждина,
чужда чуждина, пуста Америка.
-Пушта запушта, да не се мажиш,
да не се мажиш, тук да ме чекаш.
Тук да ме чекаш за три години,
за три години и за четири.
-На четирите дома ќе дојдам,
дома ќе дојдам, коња ќе купам,
коња ќе купам куќја ќе прајам,
куќја ќе прајам, тебе ќе земам.
Петлето пеје рано сабајлето
-Петлето пеје рано сабајлето,
рано сабајлето, рано пред зори!
Ми разбудуват младото невевче,
младото невевче што ми добро спие.
– Стани ми, стани, о младо невевче,
стани ми стани, коњо да ми спремаш,
коњо да ми спремаш, лудо да испратиш,
лудо да испратиш чужда чуждина,
чужда чуждина, пуста Америка.
-Р’чај, пор’чај младо невевче,
р’чај, пор’чај што да ти пратам?
Дали пари сакаш, или книга сакаш,
дали мене сакаш дома да дојдам?
– Нито пари сакам, нито книга сакам,
тебе те сакам, дома да дојдиш.
-Парите се арџет, книѓите се кинат,
а љубовта наша дури до века.
Сношти ми дојдоа три мина чужденци
Сношти ми дојдоа три мина чужденци,
пуста мори мајко, штура ти свекрво!
Појди да опиташ за твоето дете,
за твоето дете за моето лудо.
Ако да ет живо, живо та здраво,
поседи позборувај, едно кафе испи.
Ако е умрено бргу да си дојдиш,
брго да си дојдиш, мене да ми кажиш,
јас да се промена во руба чупинска,
да си ја престела црната шамиа!
Ако је живо, живо та и здраво,
јас ќе се промена во руба нестинска.
Ќинисав да ода
Ќинисав да ода, мој,
на Вембел на гости,
со најмалио девер.
На п’т ми казаја, мој:
– Лудото ти греди,
од чужда чуждина
од пуста Америка!
Реков да се врнам, мој,
каку да се врнам?
девер ќе острамам,
од сендра ќе паднам.
Ко ќе му ја давит,
белата промена,
фустан од кошула,
широка ќурдија.
Рачај порачај
Гледај ме гледај, о прво љубе,
денес сум тука,
денес сум тука о прво љубе,
утре отивам.
Утре отивам, о прво љубе,
града Битола.
Р’чај, пор’чај, ој прво љубе
што да ти пратам.
војник ќе одам ој прво љубе,
дал ќе се вратам?
– Пушти ми пушти, ој прво љубе,
црна шамија,
црна шамија, ој прво љубе,
глава да врза.
Пушти ми пушти, ој прво љубе,
шише отруја,
да се напија, ој прво љубе,
да се отруја.
Жалај моме да жалиме
Жалај моме да жалиме,еј моме, хехееее!
ти за мене јас за тебе,
хеј моме, хехеее!
Каку ќа се оделиме,
хеј моме, хехеее!
Ти од мене јас од тебе,
хеј моме, хехеее!
Јас ќе одам на чуждина,
хеј моме, хехеее!
Да са бија со душмани,
хеј моме, хехеее!
Ако паднам под душмани,
хеј моме, хехеее!
Не ме жалај не ме чекај,
хеј моме, хехеее!
да заљубиш друго љубе,
хеј моме, хехеее!
Друго љубе каку мене,
хеј моме, хехеее!
Од Мала Преспа, песните ги испеала Николина Спасе, запишал Стерјо Спасе.
Стерјо Спасе (1914-1989) е еден од најпознатите албански писатели од македонско потекло. Автор е на поголем број литературни дела. Освен тоа тој запишал поголем број народни песни од областа Мала Преспа, со што зазема значајно место меѓу собирачите на македонски народни умотворби.
(Подготви Марко Китевски)