Во Градската библиотека “Браќа Миладиновци“ во Скопје по 20-ти пат се одржаа Дионисовите слави. На дводневната манифестација учествувеа писатели, изведувачи, групи и културно уметнички друштва, припадници на македонското малцинство од Бугарија, Грција и од Албанија. Манифестацијата која се оддржа на 1 и 2 март 2013 година во организација на Културниот центар СКРБ И УТЕХА ТИХА има за цел да го стимулира творештвото на Македонецот во регионов.
“Дионисовите слави имаат за цел да и го претстават на јавноста, сето она што подразбира славење на македонската култура, без омраза или негирање на културата на соседните земји, затоа што дел од нашите Македонци, има кои пишуваат и на албански, на грчки, бугарски, па сепак остануваат дел од македонската култура“, изјави за весникот Македониум, Тихомир Стојановски од Културниот центар СКРБ И УТЕХА ТИХА, организатори на ова традиционално случување.
На манифестацијата покрај настапот на фолклорни групи од Егејска Македонија и од Пирнискиот дел на Република Македонија, пред присутните гости со неколку изворни македонски песни настапи и семејството Мемишевци од Гора Албанија. (Македониум)
ubavo e toa,no koga ke dojde od gora albanija i kosovo vo kratovo makedonija da nastapuva so drugite makedonci od albanija,bugarija,grcija i srbija.vistina ve cekame vo kratovo za taa cel.