Иако поминаа 20 дена од петицијата на Македонците од Требиште, Голо Брдо со која бараат изучување на македонскиот јазик ниту една од надлежните институции не одговори на барањето на Македонците од Голо Брдо.
Имено на иницијатива на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо, се собраа 45 потписи од родителите на децата што учат во основното училиште “10 покојници” во Требиште, Општина Требиште, Голо Брдо.
Овие потписи заедно со барањето на македонското друштво “МОСТ” на 11 јануари 2013 година се доставија до Канцеларијата за образование во Булќиза, која е надлежна за образованието во Голо Брдо, до Дирекцијата за образование во Пешкупија и до Mинистерството за образование на Република Албанија.
После молкот на надлежните институции македонското друштво “МОСТ” прати писмо до Владата на Република Албанија, Министерството за образование, Народниот Првобранител, Комисионерот против дискриминација, Државниот комитет за малцинствата, амбасадите на ЕУ и ОБСЕ во Албанија, како и до амбасадите на Македонија, САД, Србија и Романија во Албанија.
Во писмото на македонскот друштво “МОСТ“се вели:
“На 11 јануари 2013 година Друштво “МОСТ” во име на 45 родители прати петиција до Министерството за образование и наука на Албанија, Регионалната дирекција за образование во Пешкупија и Канцеларијата за образование во Булќиза која е надлежна за образованието во Голо Брдо, каде со ова петиција родителите на с.Требиште, Општина Требиште бараат нивните деца да го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во деветолетката 10 покојници во с.Требиште, Општина Требиште.
Иако помина 20 дена од нашето барање ниту една од надлежните институции не ни вратија никаков одговор.
Бараме од ваша страна да помогните, да нашите деца го изучуваат македонскиот јазик во образовниот процес во основното училиште 10 покојници.
Ова петиција на родителите е врз основа Уставот на Република Албанија, Законот за образование на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на правата на малцинствата, условот што е поставен на Албанија за исполнување на 11-та препорака на Европската комисија за почитување на правата на малцинствата, за добивање на кандидатски статус на земја кандидат за членство во ЕУ, и други конвенции и закони што нашата држава ги има потпишано за правата на човекот и на малцинствата.
Мајчиниот јазик кој што се зборува во Требиште, Голо Брдо е македонскиот јазик, децата до 7-та години незнаат албански јазик и него почнуваат да го изучуваат во училиште”- се вели во писмото на македонското друштво “МОСТ”.
Претседателот на македонското друштво “МОСТ”, Бесник Хасани за весникот Македониум изјави дека не го изненадуваа овој молк на албанските институции, но Македонците од Голо Брдо нема да се откажат од нивното легитимно барање да нивните деца го изучуваат мајчиниот македонски јазик. (Македониум)
Taktikisht, menyra me e mire per te diskridituar dike eshte se kur nuk i pergjigjesh kerkeses se tij.Duke heshtur, del qarte se Qeveria Shqiptare nuk ka deshire te shkolloje pakicat kombetare ne gjuhen e tyre amtare. Per te, nuk ka pakica kombetare, ne Ballkan paska vetem shqiptare dhe synymi i tyre eshte per te asimiluar gradualisht pakicat kombetare, dhe nderkohe para evropianeve dhe Amerikes paraqitet si shteti me tolerant ndaj feve dhe kombeve te tjera.
no da ima prevod i na makedonski jazik da se cita od albanski.nie vo kratovo utre ke se spremame za niv i da se vide taa rabota.bole glava i vo skopje,tirana,atina,sofija,ankara plus.