Лук Симпкинс кој на 13 јанури 2013 година беше во посета на општина Пустец, Мала Преспа во Албанија, каде се сретна со преставници на македонската партија, Македонска алијанса за европска интеграција, испрати писмо до амбасaдорот на ЕУ во Албанија. Во писмото кое е испратено на 29 јануари 2013 година се вели:
“Усвојувањето на европските закони за заштита на малцинствата во Албанија, токму за малцинствата не значат ништо затоа што тие се уште не се спроведуваат од страна на државата. ЕУ треба одблизу да го испита третманот на Македонците и другите малцинства, особено со прближувањето на општите избори во јуни”- наведува Лук Симпкинс.
– Се чини дека политиката „или асимилација или напуштање на Албанија“ почнува да станува дел од официјалната политика на Владата во Албанија. Општините во кои не живеат Албанци добиваат само дел од финансиската поддршка која Владата им ја дава на општините на етничките Албанци, смета Симпкинс.
Во писмото тој пишува и за растот на популарноста на националистичката партија Црвено црна алијанса, чии приврзаници неодамна предизвикаа сериозни инциденти во Пустец. Според него, порастот на национализмот во земјата може да резултира со понатамошни притисоци врз малцинствата, а се осврнува и на неодамна спроведениот цензус во Албанија.
– Освен тоа што ова население се соочува со заканите од членовите на оваа партија, забележав дека и начинот на кој беше спроведен неодамнешниот попис во оваа земја беше со многу грешки што отвора сериозни сомневања за вистинитоста на податоците за бројноста на малцинствата во Албанија. Ми беше речено дека на Македонците, околу 100 илјади во Албанија, не им било дозволено да ја искажат својата национална припадност, стои во писмото.
Симпкинс до амбасадорот на делегацијата на ЕУ во Албанија и со очекување да ги слушне неговите ставови во врска со ова прашање.
Лук Симкинс за време на својата посета на општина Пустец на 13 јануари, за весник Македониум истакна дека “Ме загрижува иднината на Македонците во Албанија. Тие се лојални граѓани, но се под притисок на национализмот што е во пораст во Албанија. Европската унија внимателно да ја следи состојбата во Албанија и да се заштитат правата и безбедноста на македонското и другите малцинтва”. – истакна Симпкинс за весник Македониум.
Исто така за весник Македониум, Лук Симкинс истакна дека во австралискиот парламент ќе одржам говор каде што ќе се заложи за спроведување на правата и барањето на Македонците да бидат признаени од албанската држава и да добијат право на изучување на македонскиот јазик во училиштата во Албанија. И истиот говор ќе го прати и до албанските власти. (Македониум)