Прашина, земјен пат, спуштена рампа: Вака изгледа денеска граничниот премин Маркова Нога, едно од главните грчки ветувања при потпишувањето на Преспанскиот договор. Иако ветено, сликата е и денеска иста..
Освен полициската станица и по некој дежурен полицаец, овој пат не го поминува никој повеќе од шест децении. Од македонска страна патот е асвалтиран, а од грчка страна како никогаш и да не постоел. Некогаш главна врска со селата со другиот дел од границата, сега штуро место заборавено од политичките чинители. Љубојно, Наколец, Долно Дупени, овие преспански села денеска чмаат. Големите очекувања на мештаните дека животот ќе стане подобар , денеска четири години по потписот во Нивици се само горко искуство. Ниту некој ги посетил, ниту пак најавил отворање на граничниот премин за полесно комуницирање со нашите луѓе преку границата….
Локалците од Преспа не веруваат дека сликата дека сликата во овој дел од Македонија некогаш ќе се промени. Преспанскиот договор не им донесе никаков бенефит…Ама се присетуваат на едни убави времиља кога го поминувале овој премин. Велат имало развиена трговија меѓу селата, со мрежи ловеле риба и таму и овде, се случувале свадби, имало живот.
Од 1967-ма ниту една грчка владина гарнитура не дозволи повторно отворање на преминот. Папандреу во 1999-та и Дора Бакојани во 2009-та категорично го одбија македонското барање за преминот „Маркова нога“.И додека македонскот премиер во знак на добрата волја на средбата во Давос се согласи на промена на имињата на автопатот и аеродромот, токму „Маркова нога “ и Преспа , Ципрас ги спомена како грчка добра волја.
Прашина, земјен пат кој завршува во нива и спуштена рампа – вака изгледа граничниот премин „Маркова нога„ . Отворањето на преминот беше отстапка на која се согласи грчкиот премиер Ципрас при потпишувањето на Преспанскиот договор. Иако ветено, сликата и денеска тука е иста…
Нема ни трага, ни глас од новиот граничен премин кај Маркова Нога предвиден со Преспанскиот договор