На 17 април 2022 година, со почеток во 16 часот, во Тирана, по втори пат ќе се одржи “Фолклорен фестивал на македонското малцинство во Република Албанија“ во организација на македонското друштво “Илинден“, со поддршка на Министерството за култура на Република Албанија.
На фестивалот со македонски ора и песни ќе учествуваат фолклорни групи од областите на Голо Брдо, Мала Преспа и Гора, додека гости на вечерта се театарот “Скрб и утеха” од Скопје, Република Македонија.
Фестивалот ќе се одржи во Афитеатарот на Тирана (Големиот парк на вештачко езеро) и влезот е бесплатен за учесниците.
©Македониум