На сликата е убавата Ѓурѓа Лило со брачедот Спасе син на наејзиниот вујко Јован. Фотографирани се на 8 јуни 1966 година. За носијата Ѓурѓа вели дека е многу стара а дека сликата е многу ветва а јас велам токму за тоа е многу вредна.
Мајка и на Ѓурѓа е родена во селото Церје во 1923 година. Оваа носија која е многу стара е на нејзината мајка а ја изработила нејзината баба за која Ѓурѓа вели дека не ја памти.
Мајка и и раскажувала дека оделе на пазар во Нивици и во Граждено, македонски села кои денес се наоѓаат во Егејскиот дел на Македонија.
Ѓурѓа вели на македонски јазик со долнопреспански дијалект: „Го сакам мојот јазик и седумдесет и една година са мачам да не го заборавам дури да са жива“. Почит и поддршка за нашата жилава Ѓурѓа.
Церје е село во областа Мала Преспа, кое денес е под Албанија. Во селото Церје е роден Божин Спасов кој учествувал во Македонското (Кресненското) востание од 1878 година.
Во 1913 година не поделија проклетниците но не не сотреа коренот ни е длабок и жилав.
„Мојата жилавост излегува од аванот во кој ме толчат и тиганот во кој се крчкам.“
Горан Стефановски
* * *
Со МАКЕДОНСКИТЕ НАРОДНИ НОСИИ против ЕТНОЦИДОТ врз МАКЕДОНСКИОТ НАРОД.
* * *
Сполај ти многу за фотографијата и за прказната наша Ѓурѓа Лило.
Гордана Јовановска Македонска