ПРИЗНАНИЕТО „ВИТЕЗ НА РЕДОТ НА ЗНАМЕТО“ ПОСХУМНО ЗА СТЕРЈО СПАСЕ

ДЕЛ ОД ВИСТИНАТА ЗА МАЛА ПРЕСПА

За писателот Стерјо Спасе е запишано дека припаѓа на македонското малцинство во Албанија, тој пишува во поголемиот дел од своето творештво на албански јазик. Но, во своите дела индиректно ја опишува и историјата на тие простори. Особено тоа е направено ненаметнато во романот „Зошто“. Нешто подоцна на сличен начин во романот „Писма до мојот внук Аријан во Тирана“, Стерјо Спасе, зачувувајќи ја, низ писмата кои се опишуваат во романот, историјата на македонското малцинство во Албанија, го чува и идентитетот на македонското малцинство преку многубројни факти, испреплетени на многу мудар начин низ страниците на ова дело.


Преспа, Општина Пустец

На возраст од речиси 20 години на забава го напишал своето најпознато дело, новелата „Нga Јета ne jete. PSE?“ („Од живот во живот. Зошто?“). Во него е толкувана приказната за еден млад интелектуалец, кој се враќа по неговите студии во своето родно село. Главниот јунак се чувствува внатрешно скршен, не е во позиција да продолжи понатаму, го притискаат традиционалните вредности на архаичен начин преку селото и заедницата (му претстои договорен брак со селска девојка), тој не е во можност да се пронајде ниту да се побуни против тоа. Оваа контрадикција на крајот го води до самоубиство.

Интересен е податокот дека Спасе педесет години бил оженет со едноставна жена од своето родно село, која како млада девојка била речиси и неписмена. Николина Стерјо во бракот му подарила три деца.

По Втората светска војна, напишал неколку романи и детски приказни. Во годините непосредно пред војната и веднаш по неа работел како учител. Во почетокот на педесеттите години на XX век, тој со семејство заминал во Тирана.

Во 1975 година, бил изолиран и напуштен од надворешниот свет во комунистичка Албанија и заминал на долго патување кон Македонија, така се случувале неговите писма до мојот внук Аријан во Тирана. Од Македонија и Косово овие писма се обработени во роман. Некои од неговите книги, особено на новелата „PSE?“ припаѓаат на канонот на литература која се чита во албанските училишта. Од шеесеттите години, делата на авторот се објавени на германски, руски или француски, а се стекнува со сé поголема публика.

Стерјо Спасе умира во Тирана на 12 ноември 1989 година. Неговото дело го продолжува неговиот син Илинден Спасе Стерјо, педагог и писател, кој од 1964 година повремено пишувал проза на албански и на македонски јазик.

Во чест на големиот писател Стерјо Спасе, на 27 декември 2018 година во Корча (Р. Албанија), се одржа Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“, во организација на Универзитетот „Фан С. Ноли“ и Македонското друштво „Сонце“.

Научниот симпозиум беше отворен од Ректорот на Универзитетот „Фан С. Ноли“, проф. д-р Али Јашари, додека свое поздравно излагање имаа министерот Едмонд Адеми, претседателот на Република Албанија, Илири Мета, и претседателот на македонското друштво „Сонце“, Васил Стерјовски.


Научен симпозиум посветен на „Животот и литературното дело на Стерјо Спасе“

Министерот Едмонд Адеми, во својот поздравен говор ја истакна важноста на литературните дела на писателот Стерјо Спасе и се осврна на неговиот значаен придонес за подобра интеграција на македонското малцинство во албанското општество.


Едмонд Адеми

Министерот Адеми меѓу другото нагласи дека творештвото на Стерјо Спасе претставува и важен мост помеѓу Македонците и Албанците, и токму градењето на мостови на соработка, разбирање, развивање и интегрирање во Европската Унија се заеднички определби на двете држави, што уште во своето време ги поставил токму Стерјо Спасе.

Претседателот на Република Албанија, Илир Мета, ја истакна придобивката и значајноста на литературното творештво на Стерјо Спасе во Албанија, и ја потврди важноста на делата и животот на писателот во однос на пријателските односи помеѓу Република Албанија и Република Македонија.


Илир Мета и Илинден Спасе

Претседателот на македонското друштво Сонце, Васил Стерјовски, информираше за важноста и за огромниот придонес на Стерјо Спасе за македонското малцинство во Албанија, кој пишуваше за едукација на цели генерации Албанци и кој никогаш не ги криеше македонските етнички корени и дека неговото родно село, Глобочени, областа на Преспа, како и сите Македонци во Албанија со право се горди што на Албанија му дадоа доживотен писател чии дела се вклучени во албанската книжевност како важен придонес на Македонците во албанското општество.


Васил Стерјовски

Васил Стерјовски меѓу другото нагласи дека одржувањето на овој научен симпозиум, освен што се сеќава на животот и делото на Стерјо Спасе, отвора нов прозорец на културна комуникација меѓу албанската и македонската нација и придонесува за добрите односи меѓу двете земји, Република Албанија и Република Македонија.

На научниот симпозиум се одржа и работна сесија во која се истакнуваше важноста на литературното творештво на Стерјо Спасе, а на која учествува академци и професори од Република Македонија и Република Албанија, меѓу кој и самиот син на писателот Спасе, проф. д-р Илинден Спасе кој во име на покојниот писател Стерјо Спасе ја прими титулата „Витез на Редот на знамето“ од претседателот на Република Албанија, Илир Мета.

Симпозиумот со одржа со подршка на Австралиско-македонскиот комитет за човекови права и Македонското меѓународно движење за човекови права.


Пишува Славе Катин