Во Пустец, на 30-ти јули, се одржа конститутивна седница на советот на општината. Советот брои 15 членови, од кои дванаесет се на победничката коалиција на последните локални избори, предводена од Македонската партија со Социјалистичката партија а тројца на опозицијата предводена од Демократската партија.
Советот го верификува мандатот на петнаесте советници. Пред советниците заклетва за совесно и одговорно работење даде градоначалникот на општина Пустец, Едмонд Темелко, кој и досега во два мандати ја вршеше таа функција.
Со верификацијата на мандатот и полагањето заклетва започнува да тече четиригодишниот мандат на советниците и градоначалникот до 2019 година.
За претседател на советот е избрана Ирена Василевски, а за преставник на општина Пустец во Округот во Корча избран е Васил Стерјовски и двајцата советници на Македонската алијанса за европска интеграција (МАЕИ).
На конститутивна седница присуствуваа и префектот на Корча, Ардит Кономи, пратенците во албанскиот парламент, Илир Пендавињи од Социјалистичка партија и Пиро Капурани од Социјалистичкото движење за интеграција. (Македониум)