По шести пат традиционално на 22 ноември во Мисисага, Канада, Македонците со потекло од Мала Преспа кој што живеат во Канада и Америка организиираа македонска вечер по повод православниот празник “Св.Архангел Михаил”.
Владимир Терпо македонски иселеник од Мала Преспа кој што живее во Канада за весник Македониум изјави дека гостите се дружеа до доцна во ноќта и се веселеа со македонски песни и ора со групата “Бисер Торонто”.
“Веќе станува традиција еднаш годишно, Македонците со потекло од Мала Преспа кој што живеат во Америка и Канада да се собереме заедно за православниот празник “Св.Архангел и Михаил”. Овој ден преставува добро можност за сите нас да се дружиме, веселиме но и да позборуваме за нашиот роден крај.”- изјави Владимир Тeрпо за весник Македониум.
После 1991 година за Канада и Америка емигрираат значителен број на Македонци од Мала Преспа. (Македониум)