Претседателот Ѓорге Иванов во Тирана се сретна со преставници на Македонците во Албанија

За време на престојот во Република Албанија, претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов, на 17-ти септември оствари средба со претставниците на македонската заедница во Република Албанија.

Средбата се одржа во просториите на македонската амбасада во Тирана.

На средбата, преставниците на Македонците во Албанија го запозна македонскиот председател со активностите што ги превземаат во правец на зачувување на македонсата култура и идентитет во Албанија, но и за потешкотиите што ги имаат со учењето на мајчиниот македонски јазик, и интегрирањето во социалниот, културниот и политичкиот живот.

Исто така, беше укажано дека македонската заедница во Албанија подржува склучување на заеднички договор помеѓу Република Албанија и Република Македонија за реципрочно почитување на правата на македонската заедница во Албанија и албанската заедница во Македонија.

Претседателот Иванов ги повика Македонците од Албанија да бидат обединети за да можат да ги остварат малцинските права и да го подобрат својот живот во Албанија. (Македониум)