Црвено-црната алијанса со тужба бара укинување на казната за инцидентите предизвикани во општина Пустец

Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса, поднесе тужба против одлуката на Комисионерот за Заштита од Дискриминација со кој парично се казнува Црвено-црната алијанса, за инцидентите предизвикани во општина Пустец на 16 ноември 2012 година, додека со претходната одлука од 4-ти април 2013 година Комисионерот бараше јавно извинување од Црвено-црната алијанса во рок од 30 дена, во спротивно следуваше парича казна.

Тужбата на Црвено-црната алијанса поднесена до Основниот суд 1 во Тирана

Тужбата на Црвено-црната алијанса поднесена до Основниот суд 1 во Тирана

Во тужбата до која дојде весник Македониум, поденесена од Крешник Спахиу, претседател на Црвено-црната алијанса до Основниот Суд 1 во Тирана, стои:

“Претензиите покренати од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација и општина Пустец се апсурдни и нереални, ова поради фактот  што од страна на Црвено-црната Алијанса во општина Пустец не е превземена било каква насилна или дискриминирачка акција наспроти преставниците и заедницата во Пустец.

Загриженоста што ја искажува Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец и донесените одлуки од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација не се подржани со закон и со докази, и следствено овие одлуки се невалидни административни акти”, - стои во тужбата на Црвено-црната алијанса до која дојде весник Македониум.

Со тужбата, која се повикува на Уставот на Република Албанија, Рамковната конвенција за заштита на малцинствата, како и Европската конвенција за правата на човекот, Црвено-црната алијанса бара укинување на административниот акт, Одлука бр.75 од 01.07.2013 “За парична казна” на  Комисионерот за Заштита од Дискриминација и покривање на судските трошоци од страна на Комисионерот за Заштита од Дискриминација и Едмонд Темелко, градоначалник на општина Пустец.

Тужбата на Црвено-црната алијанса поднесена до Основниот суд 1 во Тирана

Тужбата на Црвено-црната алијанса поднесена до Основниот суд 1 во Тирана


Со одлука од 4-ти април 2013 година, Комисионерот за Заштита од Дискриминација на Албанија, бараше јавно извинување од Црвено-црната алијанса за инцидентите предизвикани во општина Пустец, и откога истата не ја испочитува на 1-ви јули Комисионерот донесе одлука со кој парично се казнува Црвено-црната алијанса со глоба од 430 евра.

Иако, Комисионерот во одлуката од 4-ти април 2013 година, оцени дека акциите и декларациите на партијата Црвено-црната алијанса се дискриминирачки  за македонското малцинство во општина Пустец и дека: Вакви акции се типични престави на еден агресивен национализам и дискриминација на малцинствата помеѓу негирање на нивните права што им се гарантирани од меѓународните акти и внатрешната легислатива и неказнувањето на едно толку отворено дискриминирачко однесување тешко ќе ја минира самата цел на постоењето на законот За заштита од дискриминација, сепак Комисионерот за Заштита од Дискриминација се одлучи да ја казни Црвено-црната алијанса со минимална казна од 430 евра.

Законот ”За заштита од дискриминација”предвидува казна од 355 до 3550 евра.

Првото рочиште по ова тужба ќе се одржи на 7 октомври 2013 година во Основниот суд 1 во Тирана.

На 16 ноември 2012 година, во општина Пустец, членови на ултра националистичката партија, Црвено-црната алијанса ја оштетија патната сигнализација на општината, сигнализацијата на гимназијата, здраствениот дом како и извикуваа националистички пароли.

Овие напади и закани на Црвено-црната алијанса во општина Пустец ги осуди американскиот амбасадор во Албанија, Александар Арвизу. Во своето обраќање на 15-та Меѓународна конференција за безбедност на Западен Балкан на 14.12.20012 година, американскиот дипломат рече дека: “Последните закани против македонското малцинство во Пустец од страна на некои погрешно насочени индивидуи, се целосно неприфатливо и треба категорично да се отфрлат од сите Албанци”, - рече амбасадорот Арвизу.

Исто така, овие инциденти беа наведени и во годинешниот извештај на Стејт департментот за човековите права во Албанија. (Македониум)