Процес на прогласување на Прекуграничен биосферен резерват “Охридско-преспанско сливно подрачје“


Тања Џамтоска  Експерт за одржлив развој за создавање на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“.

Тања Џамтоска
Експерт за одржлив развој за
создавање на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“.

Имајќи ги во предвид исклучителните природни, културни и економски вредности на Охридско-преспанскиот регион, во текот на изминатата деценија, Република Албанија имаше активна улога во бројните активности и проекти за интегрална заштита и одржлив развој на регионот.

Подготвеноста за интегрална заштита и одржлив развој, со истовремено подобрување на социо-економската и културна благосостојба на локалните заедници во регионот, е наведена во трилатералниот договор за преспанскиот регион, потпишан во 2010 година од страна на трите соседни држави: Албанија, Грција и Македонија и билатералниот договор за заштита на Охридското Езеро и неговото сливно подрачје, потпишан од страна на Албанската и Македонската влада во 2004 година и ратификуван од страна на обата парламенти во 2005 година.

Во овој контекст, воспоставувањето на Прекуграничен биосферен резерват (ПБР) согласно UNESCO програмата „Човек и биосфера“ (МАБ) е, соодветна територијална рамка запримена на постојните и идни иницијативи зарегионален развој, што ги интегрира зачувувањето на биодиверзитетот и социо-економската благосостојба на Преспанскиот регион и неговите локални заедници, како и за понатамошно унапредување на научно-истражувачките и иницијативите

Поглед на Преспанското и Охридското езеро од планината Сува Гора

Поглед на Преспанското и Охридското езеро од планината Сува Гора

за едукација за животната средина.

Првичните активности за започнување на постапката за прогласување на ПБР во  согласност со МАБ програматана UNESCO, беа поддржани од страна на Германската финансиска соработка со Македонија и Албанија, преку проектот “Прекуграничен биосферен резерват Преспа – поддршка на Национален парк Галичица“ и истоимениот проект за поддршка на Албанскиот Национален парк Преспа. Двата проекти се финансирани од страна на Германското министерство за економска соработка и развој, преку Германската банка за реконструкција (KfW). Првата регионална конференција за “Интегрална заштита на прекуграничниот Преспански регион за воспоставување на трилатерален биосферен резерват на Преспанското Езеро“ беше одржана во февруари 2011 година, организирана во рамките на KfW проектот за поддршка на националниот парк Галичица, Македонија, со поддршка од Македонското министерство за животна средина и UNESCO канцеларијата од Венеција.

Следствено на реализираните активности, Албанското министерство за животна средина, шумарство и водостопанство, во тесна соработка со тимот на KfW проектот за “Поддршка на Национален парк Преспа, Албанија“,ги продолжи активностите за поддршка на процесот за номинација на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“. Беа одржани бројни состаноци со засегнатите субјекти од трите држави, и тоа со претставници на органите на управување созаштитените подрачја, општините, шумските оддели, невладините организации, Албанското и Македонското министерство за животна средина, како и со UNESCO органите.

Добиената широка поддршка на иницијативата, резултира со “Декларација за посветеност за создавање на Прекуграничен биосферен резерват Охрид-Преспа согласно МАБ програматана UNESCO“, која на 2-ри октомври, 2012 година беше потпишана од страна на Албанскиот и Македонскиот министер за животна средина, градоначалниците на општините во сливното подрачје и директорите на заштитените подрачја и шумските оддели на територијата на предложениот ПБР.

Мапа на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“.

Мапа на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“.


Изразената посветеност, овозможи продолжување на спроведувањето на иницијативата и започнување на изработката на образецот за номинација. Процесот е започнат на билатерална основа, од страна на двете крајбрежни држави, како што е наведено во билатералниот договор, ратификуван од страна на двата национални парламенти. Имајќи го предвид интегралниот пристап во спроведувањето на процесот, Грчката страна е сесрдно поканета да се приклучи кон иницијативата и процесот останува отворен за нивно учество, согласно на нивното убедување. Севкупниот процес за прогласување е координиран и воден од страна на Билатералниот Секретаријат на Комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, кој е дел од двете Министерства за животна средина, со поддршка на UNESCO канцеларијата во Венеција, МАБ Секретаријатот во Париз, како и од страна на Македонската и Албанската Национална комисија за UNESCO.Комитетот за управување со сливот на Охридското Езеро е идентификуван како платформа за креирање на тело за управување со идниот ПБР.

Формата и содржината на потребната документација за номинација на ПБР е пропишана од страна на органите на UNESCO. Работната група, која е составена од водичите на тимот на проектот на KfW за “Поддршка на НП Преспа во Албанија“, меѓународни и регионални – Албански и Македонски стручни лица и претставниците на Секретаријатот наКомитетот за управување со сливот на Охридското Езеро, е одговорна за спроведување на конкретните активности за номинација и изработка на образецот за номинација на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“.

Изработката на предлог резимето на образецот за номинација, како и прибирањето на сите потребни прилози и документи е завршено, и во следните неколку недели ќе биде поднесено за одобрување до Националните Комисии за UNESCO и сите релевантни засегнати субјекти. Процесот на изработка на документацијата е во согласност со партиципативниот процес за изготвување на образецот, реализиран преку консултации, состаноци и работилници со релевантните засегнати субјекти.

Поглед од работилниците организирани во Охрид на 4-8 Март, 2013

Поглед од работилниците организирани во Охрид на 4-8 Март, 2013


Резултатите од спроведените активности се комуницираат со дефинираните целни групи, а промотивните активности континуирано се спроведуваат во согласност со комуникациската стратегија за ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“, која беше елаборирана во јуни 2012 година и ажурирана во март 2013 година.

За целите на зајакнување на соработка помеѓу засегнатите субјекти, подигање на јавната свест и трансфер на знаење, во текот на следниот период ќе бидат организирани две студиски патувања. Првото, за претставници од медиумите, за посета на заштитените подрачја на територијата на идниот ПБР, а второто, меѓународно студиско патување за претставници на локалните власти, за посета на постоечки биосферен резерват во Европа.

Финалниот образец за номинација се очекува да биде подготвен и одобрен од страна на релевантните Албански и Македонски органи, на почетокот од месец септември 2013 година. До 30-ти септември 2013 година, националните комисии заUNESCO треба да го поднесат заедничкиот образец за номинацијадо UNESCO во Париз, за негова евалуација од страна на одговорните органи наUNESCO.

Придобивките од прогласувањето на ПБР “Охридско-преспанско сливно подрачје“ се повеќекратни како што се: Подобрување на живототниот стандард на локалното население преку правилно спроведување на концептот за биосферен резерват; Подобрена поврзаност на постојните заштитени подрачја во трите соседни земји, преку усвојување на заедничките практики за управување и заеднички иницијативи; Подобрено управување со различните водни и копнени екосистеми, преку усвојувањето на заеднички план за управување со прекуграничниот биосферен резерват; Создавањезаеднички бренд кој ќе го рефлектира идентитетот на прекуграничниот биосферен резерват и ќе даде додадена вредност на локалните производи и услуги; Нуди платформа за соработка на различни институционални чинители (општини, универзитети, центри, итн.), како и невладините организации и локалните заедници; Служи како “модел на регион“ за спроведување на иновативни практики на одржлив развој (на пример: локално, одржливо планирање на енергијата, одржлив туризам во заштитените подрачја); Нуди нови можности за координирање на барањата за меѓународна поддршка и унапредувањена активностите за вмрежување.

Прашање на наш избор е да ги прифатиме новите вредности.

Превземено од весник Корча.