Гордо се вее Македонското знаме во центарот на Драч

Од 27 јуни 2013 година, во центарот на Драч, Република Албанија, започна со работа Македонскиот Почесен Конзулат.

 

Македонскиот амбасадор во Република Албанија, Веле Трпевски за весник Македониум изјави: "Имаме уште малку работа за да ги завршиме сите подготвителни активности но најзначајното е дека Македонските граѓани добија уште еден центар во Република Албанија каде можат да се обратат за сите евентуални прашања или проблеми кои ги засегаат."- изјави амбасадорот Веле Трпевски.

 Александар Пило и Веле Трпевски

Александар Пило и Веле Трпевски


Конзулатот се наоѓа во центарот на Драч додека почесен конзул во Република Албанија е Александар Пило. (Македониум)