Македонците од Мала Преспа во Канада го одржа својот годишен банкет во чест на заштитникот Свети Архангел Михаил

На 21-ви ноември во Мисисага Конвеншн Центар во градот Мисисага, Канада се одржа големата годишна прослава организирана од страна на друштвото ,,Мала Преспа,,. Истото го сочинуваат Македонци со потекло од Мала Преспа, која географски се наоѓа во Албанија. Станува збор за друштво со долгогодишна традиција и активна вклученост во животот на македонските иселеници ширум македонската заедница во Канада.

Претседател на друштвото е господин Босилко Аговски кој изразува благодарност до сите присутни поединци, организации и членови на црковните управи кои и годинава го поддржаа настанот.

Водител низ програмата беше Мери Терпо, а во музичкиот дел настапи реномираниот оркестар ,,Балкан Ентертејнмент,,.
Повеќемина членови на друштвото и негови почитувачи даруваа награди во традиционално богатата лотарија.

Програмата беше збогатена со настапот на трите групи на фолклорниот ансамбл ,,Илинден,, од Македонската Православна Црква Свети Илија од Мисисага.

Нивните народни игри кои со силен жар се негуваат и од младите поколенија не’ вратија за миг во раскошното македонското фолклорно минато.

,,Целта ни” е да ги задржиме нашите македонски традиции и нашите деца и внуци блиску до коренот,,.

Тоа нека биде порака и до сите македонски здруженија во Канада, но и пошироко, да ги продолжиме нашите македонски традиции, затоа што само заедно сме посилни и единствени, достојни Македонци, каде и да сме во светот,,.

Соња Лозановска