Делегација на МАЕИ учествуваше на традиционалната Семакедонска средба „Песната обединува“ – Штип 2024

Делегација на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), учествуваше на традиционалната Семакедонска средба „Песната обединува“ – Штип 2024.

Организатори на оваа средба беа Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова” од Штип, Сојузот на здруженијата на Македонците и децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија „Македон„ и општина Штип.

На Семакедонската средба имаше преставници на Македонците од Егејска Македонија, Пиринска Македонија и од Република Македонија.

Организаторите се заблагодарија на Д-р Лефтер Манче за поддршката која ја дава на Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија “Мирка Гинова ” од Штип, но и на останатите здруженија кои се борат за правата на Македонците. Д-р Лефтер Манче е еден од малите великани, кои го поминаа македонскиот дел од пеколот, ги изодеа македонските планини, Европа и Светот, но никогаш, каде и да се не заборавија дека тие им припаѓаат на своите села, градови и на свјата родна грутка Македонија.

©Македониум