МАКЕДОНЦИТЕ ОД СЕЛО ВРБНИК ВО АЛБАНИЈА

Селото Врбник од Егејска Македонија, населено со Македонци, по поделбата на етногеографска Макдонија во 1913 година во Букурешт и припаднало на Албанија, околија Корча (Горица).

На половина час пеш, од Врбник преку границата кон, Егејска Македонија (граница којашто до 1991 година била оградена со бодликава жица) се наоѓаат разурнатите македонски села, бомбардирани и разурнати до темел во граѓанската војна во Грција во 1948 година.

Во селото Врбник и во време на Енвер Хоџа е изучуван македонскиот јазик, а жителите биле признати како Македонци.

Според Друштвото МЕД (Македонско егејско друштво) од с. Врбник, во Р. Албанија (во Билишта, Корча и Тирана; живеат околу 2.000 Македонци по потекло од с. Врбник.

(Стево Симски, Дипломатска белешка 2001).