НАРОДНООСЛОБОДИТЕЛЕН БАТАЛЈОН „МИРЧЕ АЦЕВ“

Утре, 18 август е денот на Армијата на АРМ, датумот кога е формиран баталјонот „Мирче Ацев“. 18 август во 1943 година на планината Славеј, е формиран НАРОДНООСЛОБООДИТЕЛНИОТ БАТАЛЈОН „МИРЧЕ АЦЕВ“.

Бил формиран од околу 200 борци од Преспанско битолскиот партизански одред „Дамјан Груев“ и делови од други одреди. Главниот штаб на баталјонот бил составен од двајцата наши Преспанци: командант Наум Веслиевски-Овчарот, заменик-командант Мите Трповски-Војводата.

За нападите на батаљонот против италијанските карабинери, германско-балистичките сили и бугарските единици има многу пишувано, и допрва ќе се пишува. Баталјонот бил првата регуларна воена единица во Македонија во НОБ. По осамостојувањето на Република Македонија, денот на формирањето на баталјонот е прогласен за Ден на Армијата на Република Македонија (АРМ).

Во медиумите читам дека има, и ќе има ред прослави насекаде по повод на овој празник, сигурно ќе има и коктели и ручеци. Али од она што го читам денес, никаде не се споменуваат основоположниците на овој батаљон, командантот Наум Веслиевски-Овчарот и заменик-командантот Мите Трповски-Војводата. На споменикот на планината Славеј има положување на цвеќе од претставници на АРМ и на Сојузот на борците од Охрид и Дебарца, али ништо слично нема да се случи овде во Преспа, на гробовите на овие двајца борци, ниту пак кај куќата на Овчарот во Златари, ниту од страна на Сојузот на борците од Ресен, ниту од Општина Ресен, ниту од АРМ.

Навистина жално е што има толку малку почит кон тие што војувале и загинувале за она што ние го имаме денес. Верувам дека никој од тие борци не се жртвувал за некоја лична корист.

Пред некој месец бев во куќата на Наум Веслиевски – Овчарот во Златари. Прозорците се искршени, подот е покриен со кокошејнци од птици, птичји седела насекаде. Со некоја кратка акција сето ова може да се среди, али само од луѓе што имаат вистинска почит кон делата на нашите предци.

Георге Гоце Митревски