Одржан митинг на Македонска алијанса за европска интеграција во Требиште, Голо Брдо

Македонска Алијанса за европска интеграција на 4-ти јуни одржа митинг во општина Требиште, Голо Брдо, каде ја престави програмата за параламентарните избори кој ќе се одржатцна 23 јуни 2013 година.

На митингот присуствуваше партиското раководство на МАЕИ предводена од  Едмонд Темелко преседател, Бесник Хасани и Таќо Гроздани потпреседатели, Васил Стерјовски генерален секретар, како и активисти на МАЕИ од Голо Брдо.

Пред присутните на митингот се обрати Бесник Хасани носител на листата на Македонска алијанса за европска интеграција за регионот на Пешкупија, кој во своето обраќање побара од Македонците во Голо Брдо да гласаат за МАЕИ, затоа што македонската партија е единствена гаранција за развој на Голо Брдо.

“ Преку македонската партија успеавме да издејствуваме кај албанската и македонската влада да се отвори граничниот премин Џепиште- Требиште и да се асфалтира патот од центарот во Требиште до граничниот премин. Исто така го покренавме и прашањето за образование на мајчин македонски јазик и ако бидиме обединети и гласаме за македонската партија ќе успееме да се интегрираме и да бидеме признаени како Македонци во Голо Брдо и насекаде во Албанија” – изјави Бесник Хасани. .

Пред присутните обраќање имаа Едмонд Темелко преседател, Таќо Гроздани потпреседател, Васил Стерјовски генерален секретар, како и активисти на МАЕИ од Голо Брдо, кои ја презантираа програмата на Македонска алијанса за европска интеграција и побараа од Македонците од Голо Брдо на парламентарните избори да гласаат за број 63.

Македонска алијанса за европска интеграција е во изборната коалиција „Алијанса за работа, благосостојба и интеграција“ која ја сочинуваат 25 партии, предводена од Демократската партија на Сали Бериша и настапува со 86 кандидати Македонци во сите 12 изборни единици.
На гласачкото ливче, МАЕИ е под број 63, и ќе стои името на партијата и нејзиниот симбол – знамето со шеснаесеткракото сонце, жолто на црвена основа. (Македониум)