Рибарите од Пустец бараат собирен пункт: Трговците манипулираат со продажбата на преспански крап

Во општина Пустец има 50 лиценцирани рибари кои секојдневно ловат риба во водите на Преспанското Езеро.

Нивното постојано барање е формирање на двa пункта за складирање на количеството риба и да се пласира како бренд на нивното езеро, бидејќи според рибарите, со преспанскиот крап манипулираат трговците од различни околии.

Тоди Јоно од село Пустец вели дека здружението на рибари побарало формирање на две рибни пункта во селата туминец и Пустец.

Здружението не може со сопствени средства да ги изгради овие пункта, па бара поддршка од општината.

Градоначалникот на Општина Пустец, Пали Колефски, информираше дека по барање на риболовното друштво побарал финансиска поддршка од Министерството за земјоделство за изградба на овие два пункта.

Вакво барање има и од здружението на рибари од Поградец, кои во најголем број случаи количината риба ја продаваат во амбулантски услови.

©Македониум