Митрополитот Петар: Крстив 5-6 илјади Македонци во Албанија, ниеден не кажа дека е Бугарин

Кога ќе каже Бугарија дека има Бугари во Албанија, јас сум првиот владика или свештено лице што стапнало по распадот на албанската (енверхоџина з.н.) држава и таму со мисијата што ја извршивме крстивме преку 5-6 илјади Македонци во Мала Преспа, вели владиката Петар.

– Ниту еден од тие луѓе не се декларира, во тоа време, дека е Бугарин или дека припаѓа на грчката нација или на српската… Туку сите се декларираа Македонци. И со тоа сакам да ви кажам дека тие се поголеми патриоти од многу наши Македонци патриоти под наводници, што денеска манипулираат заради лични и други интереси со својата рационална кауза, вели митрополитот Петар.

©Македониум