ДОЛГОТ НА БУГАРИЈА ЗА ОКУПАЦИЈАТА НА МАКЕДОНИЈА ВО ВТОРАТА СВЕТСКА ВОЈНА

Во името на добрососедството и пријателството меѓу ФНР Југославија и НР Бугарија, во чии рамки влегувало и признавањето на македонското малцинство во Пиринска Македонија, Бугарија не го исплатила долгот од тогашни 25 милиони долари одреден на Париската мировна конференција, во февруари 1947 година, спрема Југославија за окупацијата на Вардарска Македонија во Втората светска војна.

Простувањето на долгот било договорено на средбата меѓу Тито и Димитров во Блед на 01 август 1947 година. Долгот во денешни услови би бил над половина милијарда долари.

Одредените репарации од 45 милиони долари (Бугарија кон Грција) Бугарија ги има исплатувано на Грција до 1964 година. А за репарациите што и ги должи Германија, Грција уште води спор со Германија и тоа го актуелизира кога има финансиска криза. Одделни политички грчки структури јавно бараат од Германија исплата на репарации од 1.3 милијарди евра.

Стево Симски