“Корча репорт”: Таму каде што само се кради, не може да има просперитет, Преспа полоша од пред 24 години

Албанскиот портал „Корча репорт“ пишува за 24-годишнината од создавањето на Националниот парк Преспа како и за злоупотребите на средствата кои се направени од создавањето на Паркот во 2000 година до денес.

Подолу го пренесуваме целосниот текст на „Корча репорт“.

Таму каде што само се кради, не може да има просперитет, Преспа полошо од пред 24 години кога се прогласи и инвестира за Национален парк.

Пустец, како една од најубавите туристички области, во 2000 година се прогласи за Национален парк.

Во овие 24 години никој не негира дека во оваа област се инвестирани десетици и десетици милиони евра од фондови на ЕУ и странски донатори, главно германски.

Како што и претходно е реагирано, овој проток на средства заврши како река проголтана од пустина во името на Националниот парк Преспа.

Секој покажува со прст некаде, без да преземе никаква одговорност. Еден коментатор, на адреса на “Корча репорт”, изјави дека се околу 10-на семејства кои вкусиле од оваа голема инвестиција во областа Преспа.

“Може да се каже природно богаство, но тотална употреба за збогатување на крадците и арамиите, а не за подигање на потребното ниво на туризам и државни инвестициски критериуми“, реагира друг коментатор.

Таканаречениот туристички оператор од овој крај, Кичо Аго, кој со години ја жртвува својата инвестиција, тоа отворено го кажува.

„Како туристички оператор при создавањето на Националниот парк не добив ниту една стотинка. Наместо да се развива туризамот, не знам каде отидоа овие пари. Имам реагирано, но ништо не е направено. Некои имаат искористено за малтерисување, но инвестицијата не е видлива“, рече Аго.

И покрај овој проблем што го пријавуваат оние луѓе кои реално ги доживуваат состојбите и туризмот во Преспа, денеска како настан беше одбележана 24-годишнината од создавањето на Националниот Парк, завршува со својот коментар порталот “Корча репорт”.

За злоупотребата на фондовите во Националниот парк Преспа пред три години во албанското Собрание пратеникот Васил Стерјовски имаше интерпелација со министерот за туризам и животна средина Бленди Клоси.

Подолу интерпелацијата на пратеникот Васил Стерјовски со министертот Бленди Клоси.