Kнигата “За Вормица и Вормичаните”, од големо значење за историјата на Македонците во Албанија

Коле Нина со пoтекло од Голо Брдо, е автор на книгата “За Вормица и Вормичаните”. Во книгата авторот Коле Нина пишува за неговото родно село Вормица, во областа на Голо Брдо, за топонимите, животот, обичаите, свадбите во Вормица како и за српските и бугарските злосторства во областа на Голо Брдо, за поставувањето на границата, за фамилиите на Вормица, емиграцијата идр.

Во посветата на книгата што авторот Коле Нина ми ја напиша, пишува дека жителите на Вормица никогаш не го доведоа во прашање нивниот македонски идентитет:

Г-дин Васил Стерјовски
„Пратеник на Mакедонците во Албанија во Парламентот. Со почит и со желба да се запознае со Вормица на Голо Брдо, чии што жители никогаш не го доведоа во прашање нивниот македонски идентитет“.
Коле Нина.

Ова книга е од големо значење за историјата на Македонците во Албанија.

Васил Стерјовски