Известување на Универзитетот во Тирана за студентите за изучување на македонскиот јазик

Универзитетот во Тирана ги известува сите студенти заинтересирани за изучување на македонскиот јазик дека на 05.02.2024 година ќе започнат курсевите по македонски јазик како воннаставен предмет во просториите на Факултетот за странски јазици.

Во продолжение целосното соопштение од Универзитетот во Тирана:

Почитувани студенти на Универзитетот во Тирана,

Во рамките на соработката на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана со Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ од Скопје, ве известуваме дека на 05.02.2024 година во просториите на Факултетот за странски јазици ќе започнат јазичните курсеви на македонски јазик, како воннаставен предмет.

Овие курсеви ќе им бидат понудени бесплатно на сите студенти на Универзитетот во Тирана.

Наставата по македонски јазик ќе ја спроведува Др. Славица Свидерска професорка на Универзитетот „Св. Кирил и Методиј“ во Скопје.

На крајот на курсот, сите студенти ќе добијат сертификат за соодветно ниво.

Воннаставните програми за странски јазици се иновација и повеќе можности за студентите на Универзитетот во Тирана и имаат за цел да обезбедат богато и совршено искуство за сите вас кои сакате да го продлабочите своето јазично и културно знаење.

Заинтересираните за изучување на македонскиот јазик се молат да го изразат својот интерес со аплицирање на Google формуларите на линкот подолу: https://forms.gle/KiLa89K27ENGUm6KA

За секакви дополнителни информации можете да дојдете во Центарот за курсеви за странски јазици, зграда А, 1 кат, на Факултетот за странски јазици.

Понеделник – Четврток 08:30 – 16:30 часот

Петок 08:30 – 14:00 часот

Е-пошта: centra.gjuhevetehuaja@unitir.edu.al

Телефон: +355 4 2452610

Адреса: Факултет за странски јазици, Универзитет во Тирана, улица „Елбасани“, Тирана
Универзитетот во Тирана.

Добредојдовте!

©Македониум