Започна воннаставниот курс по македонски јазик на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана

Воннаставниот курс по македонски јазик е додаден на Факултетот за странски јазици на Универзитетот во Тирана. По повод свеченото отворање на овој курс, ректорот на Универзитетот во Тирана проф. Др. Артан Хоџа во просториите на Ректоратот ја пречека делегацијата од Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“ од Скопје.

На оваа средба се разговараше за можностите за проширување на соработката и заеднички проекти во областа на високото образование.

На оваа средба учествуваа ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. д-р Артан Хоџа, заменик Ректорот на Универзитетот во Тирана, проф. д-р Бернард Дости, декан на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Есмералда Кромидха, заменик/деканот за надворешни односи на Факултетот за странски јазици, проф. д-р Дрита Рира, директор на Дирекцијата за научни истражувања, проекти и надворешни односи, при Ректоратот на Универзитетот во Тирана, проф. д-р Ерида Елмази, а од македонска страна, ректорот на Универзитетот „Свети Кирил и Методиј во Скопје“, проф. д-р Билјана Ангелова, македонскиот амбасадор во Тирана, Данчо Марковски, како и директорот на Меѓународниот семинар за македонски јазик, литература и култура, проф. д-р Кристина Николовска.

©Македониум