МАКЕДОНЦИТЕ ОД АЛБАНИЈА КОИ ЖИВЕАТ ВО ИТАЛИЈА ГО ПРОСЛАВИЈА БОЖИК

Македонците од Албанија кои живеат во Рим, главниот град на Италија, по повод божикните празници ја организираа со македонска ора и песни традиционалната прослава.

Веќе станува традиција Македонците со потекло од Албанија, кои живеат во Рим, иако се далеку од нивните родни краишта, два пати во годината за Божик и Велигден да се соберат на прослава со македонски ори и песни.

Иницијатори за одржување на овие прослави се Лефтер Јоно од Пустец и Ѓорѓија Ванѓеловски од Долна Горица, Мала Преспа кои и самите свират на кларинет и синтисајзер.

©Македониум