Камбанарија на манастирот „Св.Марена“ до Туминец (ФОТО)

По долго исчекување манастирот „Св.Марена“ до село Туминец, Мала Преспа доби најсовремена камбанарија.

Со несебична помош на Македонците од Мала Преспа кои живеат во Канада во текот на 2023 година се изгради камбанаријата на манастирот „Св.Марена“.

Манастирот датира од 18 век, а обновен е во 1926 година. Се наоѓа на самиот брег од Преспанското езеро, локација која самата по себе му дава дополнителна убавина и привлечност.

Патрон на манастирот е Света Огнена Марина – Марена, што се слави на 30 јули, празник кој Македонците во Мала Преспа, традиционално го слават заедно и каде и да се исселени тие за овој празник се тука.

©Македониум