Македонска алијанса во Албанија со свои листи на парламентарните избори

Единствената македонска партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на престојните парламентарни избори кој ќе се одржат на 23 јуни 2013 година ќе настапи со своја листи со 86 кандидати во 12 изборни региони во Албанија.

На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција настапува во коалиција со Демократската партија на Сали Бериша и главна цел на Македонска алијнса на овие избори е освојување на барем едно пратеничко место.

Најголеми шанси за освојување на пратеничко место Македонската партија има во округот на Корча кој ги опфаќа областа Мала Преспа и градовите Поградец, Корча и Билишта. Од Македонската партија ќе се борат да излезат втори во коалицијата предводена од Демократската партија во Корчанскиот регион и имаат реални шанси за освојување на пратеник.

Во Корчанскиот регион Македонска алијанса за европска интеграција ја кандидира за носител на листата Валентина Нестор, доктор на науки и лектор по македонски јазик во Универзитетот во Тирана, како и автор на повеќе научни дела.

Валентина Нестор, носител на листата на Македонска алијанса за европска интеграција за Корчанскиот регион

Валентина Нестор, носител на листата на Македонска алијанса за европска интеграција за Корчанскиот регион


“На овие избори Македонска алијанса за европска интеграција излегува во сите 12 изборни региони со свои листи со 86 кандидати Македонци од Мала Преспа, Голо Брдо и Гора, додека партијата со својата кампања ќе се сконцентрира во шест региони каде се сконцентрирани Македонците во Албанија и тоа во регионите: Корча, Тирана, Елбасан, Пешкопија, Кукс и Драч”- изјави Васил Стерјовски, Генерален секретар на Македонска алијанса за европска интеграција.

На овие избори ќе учествуваат две коалиции, Демократската партија на Сали Бериша ја предводи коалицијата “Алијанса за работа, благосостојба и интеграција” која ја сочинуваат 25 партии, додека Социјалистичката партија на Еди Рама ја предводи коалицијата “Алијаса за европска Албанија” сочинета од 37 партии. (Македониум)

Носители на листите во регионите каде ќе настапи Македонска алијанса:

КОРЧА

Валентина Нестор

ЕЛБАСАН

Фатмир Алуши

ТИРАНА

Аднан ЌЕЈВАНИ

ПЕШКОПИЈА

Бесник Хасани

ДРАЧ

Бесник Меча

КУКС

Бесим Мемишај