Творби на деца од Мала Преспа и Голо Брдо издадени во книгата ,,Детските раце творат за Македонија

Македонските деца од Албанија од регионите на Мала Преспа и Голо Брдо се застапени со 7 творби во детската збирка „Детските раце творат за Македонија“ издадена од здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип.

Ликовните и литературните творби во збирката „Детските раце творат за Македонија„ изобилуваат со моќни пораки за својата татковина, точно онака како што ја чувствуваат детските срца.

Пораката која што Здружението на Македонците од Егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинова“ од Штип ја упатува до децата на Македонија кои со своите дела оставија траг во оваа збирка е: „Бидете горди на своите дела, веќе сте дел од македонската литературна и ликовна историја!“.

Со оваа збирка се остави трага со дела испишани на македонски јазик и историја за идните поколенија, со доказ за тоа колку татковината е моќна инспирација за своите поколенија.

Збирката e искрено наследство кое што ќе се пренесува на идните генерации, а гордост за генерацијата која што ја создаде.

©Македониум