Алеанца на Црвено-црните со закана до Македонците во Мала Преспа дека повторно ќе ги вратат албанските имиња

Крешник Спахиу, претседателот на националистичката партија Алеанца на Црвено Црните во Албанија, од Поградец на 21 април 2013 година упати закана до Македонците во Мала Преспа дека штом дојдат на власт повторно ќе ги вратат албанските имиња во Мала Преспа.

“Пред околу една година ние предложивме една идеја за еден предлог-закон за албанските и странските топонимии. Пред една година се обратив со едно прашање до сите граѓани во Поградец, што значање има името Поградец и ниту еден од нив не го знаеше одговорот. Ние тој ден дојдовме со ветување дека ќе ги албанизираме имињата на нашите села и градови и ова ние ќе го направиме без компромис, не копирајќи никој, не правејќи ниту политички пазар. Но за жал, денеска во пресрет на парламентарните избори од 23 јуни, на место на албанизирањето се случува спротивното за неколку стотици гласови, албанските имиња се словенизираат од Лиќенас (Пустец) и другите села. Ние доаѓаме со ветување дека не ги сакаме нивните гласови, но албанските имиња ќе ги вратиме во Лиќенас (Пустец) и сите други села затоа што се етнички албански територии. За овие причини овој прословенски и прогрчки клан ние треба да го остраниме за да му донесиме на Албанците еден цел Црвено-црн парламент”- изјави Крешник Спахиу. (Македониум)