МАЕИ: Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ), на сите Македонци им го честита 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ, симболот на непокорот и непоколебливата храброст на македонскиот народ.

Македонците од Албанија, застанаа рамо до рамо со своите сонародници, приклучувајќи им се на македонските партизански единици за време на Втората светска војна за ослободување на Македонија од стегите на наци-фашизмот. Многумина од нив ги дадоа своите животи за каузата на слободата, независноста и самоопределувањете на македонскиот народ.

На овој голем празник, да им изразиме почит на сите храбри борци и херои што го дадоа животот за слободна и самостојна Македонија и ни оставија аманет да го чуваме македонскиот идентитет и да се бориме за подобра и посветла иднина.

Честит 11 Октомври – Денот на народното востание на македонскиот народ!

©Македониум