Започна реконструкцијата на патот до музејот на “Стерјо Спасе” во Глобочени, Мала Преспа

Општина Пустец започна со реализација на проектот „SMART4YOU2“ со финансиска подршка на Европската унија и во соработка со Општина Битола.

Во рамките на овој проект започна реконструкцијата на пристапниот пат до куќа-музеј на “Стерјо Спасе” со што ќе го олесни пристапот на туристите до овој музеј и значително ќе ја подобри патната инфраструктура за Македонците во селото Глобочени.

©Македониум