КАКО Е ИЗГРАДЕНА ЦРКВАТА “СВ. БОГОРОДИЦА” ВО СЕЛОТО ЦЕРЈЕ, ПРЕСПА

Селото Церје се наоѓа веднаш до Преспанското Езеро, далеку од езерото на надморска височина од 1116м. Селото е изпразнато но како беден постои на влез од селото прекрасната црква “Св. Богородица” која го покажува постоењето и не збира да ги славиме и споменуваме нашите починати, дедовци, татковци и мајки и да му даваме мир на нив. Во друга приприлика ќе пишувам за селото.

Денес јас се потсетив по повод, празник на нашата црква “Св. Богородица” да напишам како е изградена ова црква. По ослободувањето од Турската Империја, селаните кои побегнале од поранешното село Церје се вратиле и ги изградиле своите куќи. Во селото се наоѓале Спиројте, Гочејте, Трајкојте, Цветкојте, Танасојте, Трпојте, Петрејте, Нунејте и Богојте. Тие не ги заборавија своите традиции и верски празници.

Претходно, Македонците од Церје, одеа во црквите на селата Орово и Граждено за венчавки, крштевки и други обичаи. Откако ги надминаа економските проблеми, од печалбата во Америка и Аргентина, селаните со своите средства изградија црква во нашето село и ги славеа христијански празници и обичаи.

Се собраа Гоче, Спиро, Трајко, Пандо, Васил Гочев и Спиров, Лазо, Танас, Доне, Леко, Цветко, Петре, Сотир, собраа средства, го определија местото и започнаа да ја градат селската црква која со јаки темели му опстои храбро на силни ветрови, во времето кога е нападната од комунистичкиот систем.

За изградбата на црквата биле собрани занаетчии од селото Белкамен, од Леринската околина. Тие беа професионалци за градење цркви. За нив се грижеше по ред секоја куќа да му обезбеди храна и престој без никаков паричен надоместок.

Самите селани ги вадеа камењата, варта и песокта и започна градењето. Плочите околу црквата се донесени од селото Граждено со коњи од селаните. За помалку од 3 месеци црквата беше изградена. Подоцна започна внатрешното уредување на црквата од професионални резбари и зографи, тие за кратко време ја завршија работата, а овој прекрасен храм го украсија со потребните работи.

Олтарот на црквата е од најубавите. На рамката на вратата на олтарот се Исус Христос и 12 апостоли, на десна страна од вратата постоеше иконата на “Св.Богородица” зачувана и ден денес а на другата страна Исус Христос. На куполата од црквата постоеше Господ Бог, исто и тој зачуван. Ѕидовите се ѕидани со камен, вар и песок. Столбовите од црквата се од Фоја и Смрека (вид на дрвја) а малтерот на нив е од вар, песок и козина.

На 1 април 1919 година е осветена црква “Св. Богородица” со голем собир на Македонците од селата Орово, Граждено, Нивици, Раби, Ѓерман и Преспански села во Албанија. По осветувањето на црквата, започна работата и се вршеа потребните обреди, се правеа крштевки, свадби, се славеше Божик, Водици, Велигден и Богородица и други православни празници со големи литургии. Како Отец (Поп) служеше Oтец Јован Сотир (Јонче) од село Пустец. Неговиот глас беше како симфониска музика. Селаните постојано ја посетуваа црквата и се молеа на Бога за здравје и добар живот. На тие празници во дворот на црквата се пееше и играа ора и други народни игри. Народот се веселеше во дворот со звукот од гајдата на Фоте. Сите деца шо се раѓаа се крштеваа во нашата црква “Св. Богородица”.

Како дете памтам кога Отецот Јонче ќе го извикаше името на крштениот, ќе затрчевме кој побргу да земи серик кај семејството на новородениот. Црква “Св. Богородица” стана една од црквите каде се наоѓаше мир и спокојство со молење кон Бога. Toa траеше до 1968 година, кога во Албанија строгиот закон забрани славење на верски празници. Во таа година тие ги остранаја сите икони но не ги рушија ѕидовите. Иконите во тоа време беа отстранети од власта и преместени во музеј во Корча, а денес може да се најдат во музејот за средновековна уметност во Корча.

По овие настани црквата се пренамени како дом за култура каде се организират игранки и други активности. А потоа кога се изгради културниот дом, црквата остана како магацин за земјоделски производи. Во тоа време со сите тие силни притисоци и пропаганди, на вратата и после во вратнештоста во столбовите кои се плетени со плет се палеа свеќи и се дарувеа пари. Многу луѓе идеа да престојуват скришно доцна на вечер и многу рано без да и примети некој си заминуваа.

Во тоа време не беше лесно да се покажува искрената воља према Бога. Многу од тие луѓе кои немаја деца Господ му подари семејство. Во 1991 година со доаѓање на демократските процеси започна и големото верување во црквата. Селаните, постарите кои не ги заборавија верските обичаи започнаа да ги служат.

Повеќето жители од селото сме иселени во разни држави но на овој ден на нашата Света Богородица се збираме да го празнуваме денот. На влезот од селото таа не пречекува секоја година на 28 Август.

Нека ни е на помош празникот Света Богородица, за многу години. Амин!

Ванѓел Плоча