АКАДЕМИЈА “120 ГОДИНИ ОД ИЛИНДЕНСКОТО ВОСТАНИЕ”

Македонска алијанса за европска интеграција во соработка со Општина Пустец, вчера, на 2 август, во Пустец, организираа прослава по повод 120 години од Илинденското востание на Македонскиот народ.

Во канцеларијата на Македонска алијанса за европска интеграција во Пустец се одржа академија “120 години од Илинденското востание”.

По академијата на плоштадот “Гоце Делчев” во Пустец, со македонски ора и песни настапи детскиот младински фолклорен ансамбал “СРМА” од Куманово.

Присутните ги поздрави градоначалникот на општина Пустец, Пали Колефски, а за Илинденското востание зборуваше Васил Стерјовски, претседател на партија Македонска алијанса за европска интеграција.

На академијата беше промовиран и зборникот на трудови „120 години од Илинденското востание“ од научната конференција што се одржа на 1 август во Крушево, во организација на Матицата на иселениците од Македонија.

На академијата присуствуваа претседателот на Светскиот Македонски Конгрес Тодор Петров, претседателката на Македонското здружение “Кочо Рацин” од Белград, Србија Лидија Демниева и претседателот на Матицата на иселениците од Македонија Иван Џо Петрески.

Присутните ги поздравија Тодор Петров, Лидија Демниева и Ефтим Митревски.

©Македониум