Одржани изборни конференции на ОК Преспа и Требиште, Голо Брдо на Македонска алијанса за европска интеграција

Во функција на престојниот Втор Конгрес на партијата, Македонска алијанса за европска интеграција, МАЕИ, продолжува со  изборот на органите и телата на Општинските комитети. По Подградец и Елбасан се одржаа изборни конференции во Мала Преспа и Голо Брдо.

 

Требиште, Голо Брдо, Македонска алијанса за европска интеграција

Требиште, Голо Брдо, Македонска алијанса за европска интеграција


На 27 март 2013 година во Требиште, Голо Брдо се одржа изборната конференција на Општинскиот комитет Требиште, Голо Брдо на Македонска алијанса за европска интеграција.

На конференцијата се рагледа досегашната работа на општинскиот комитет Требиште, Голо Брдо, се дискутираше за положбата на Македонците во Голо Брдо, посебно за петицијаа која што македонското друштво “МОСТ” ја спроведе за воведување на македонскиот јазик во училиштата во Голо Брдо и избор на претседател на општинскиот Комитет Требиште на МАЕИ.

Не конференцијата едногласно за претседател е избран Илбер Кадриу, кој исто така е подпреседател на Македонскот друштво “МОСТ” од Голо Брдо.

Новоизбраниот претседател на ОК Требиште, Илбер Кадриу се заблагодари за дадената доверба и побара максимално ангажирање за престојните парламентрани избори во Голо Брдо, и дека Општинскиот комитет на Требиште на МАЕИ ќе се залага за унапредување на правата на Македонците во Голо Брдо.

На изборната конференција учествуваа и Едмонд Темлеко, претседател на Македонска алијнса за европска интеграција, Васил Стерјовски претседател на Унијата на млади сили на Македонска алијанса за европска интеграција и Бесник Хасани претседател на македонското друштво “МОСТ” од Голо Брдо.

Претходно општинскиот комитет Требиште ги организираше месните комитети на Македонска алијанса во општина Требиште и ги избра следните структури:

Во МК Џелеби избрани се: Петрит Кадриу, претседател,  Гентијан Кадриу, потпреседател и Сајмир Чела, секретар.

Во МК Балаја избрани се: Алберт Синанај, претседател,  Илир Хасанај, потпреседател и Бледар Зепај, секретар.

Во МК Мучина избрани се: Арбен Тафај, претседател,  Илми Зепај, потпреседател и Летим Османи, секретар.

Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција

Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција


Исто така, на 16 март 2013 година во Пустец, се одржа 5-та изборна конференција на Општинскиот комитет Преспа на Македонска алијанса за европска интеграција.

На конференцијата се рагледа досегашната работа на општинкиот комитет Преспа, се дискутираше за положбата на Македонците во Мала Преспа, посебно за петицијата на Македонците од Мала Преспа за враќање на македонските топонимии во Мала Преспа и се избираше престедател на Општинскиот комитет Преспа на МАЕИ и управен одбор.

 Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција

Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција


Конференцијата,  за претседател, едногласно го реизбра Андон Јани, кој и досега ја вршеше должноста претседател на Општинскиот комитет Преспа.

Пред присутните обраќање имаа и Андон Јани, претседател на Општинскиот комитет Преспа, Кристо Кристо и Спасе Мазенковски, подпреседатели на Општинскиот комитет Преспа, Лазо Стојани председател на Советот на општина Пустец, Едмонд Темелко председател на Македонска алијанса за европска интеграција и Васил Стерјовски, председател на Унијата на млади сили на Македонска алијанса за европска интеграција.

Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција

Мала Преспа, Македонска алијанса за европска интеграција


Претходно општинскиот комитет Преспа ги организираше месните комитети на Македонска алијанса во општина Пустец и ги избра следните структури:

Во МК Леска избрани се: Берти Стојани, претседател,  Олси Китани, потпреседател и Олси Сотир, секретар.

Во МК Зрноско избрани се: Кристо Танас, претседател,  Васка Арѓири, потпреседател и Кристина Терпо, секретар.

Во МК Пустец избрани се: Дањел Граждани, претседател,  Борче Цале, потпреседател и Сандре Колефски, секретар.

Во МК Шулин избрани се: Цветко Илија, претседател,  Фреди Кристо, потпреседател и Јани Насто, секретар.

Во МК Долна Горица избрани се: Сандри Митре, претседател,  Нико Никола, потпреседател и Кристо Кристо, секретар.

Во МК Туминец избрани се: Тодор Цветко, претседател,  Андон Трајче, потпреседател и Спасе Вурмо, секретар.

Во МК Глобочени избрани се: Таќо Дума, претседател,  Спасе Србини, потпреседател и Петре Дума, секретар.

Во МК Горна Горица избрани се: Александар Трпо, претседател,  Арбен Нечовски, потпреседател и Александар Никола, секретар.

Во МК Церје избран е:  Ванѓел Трајковски за претседател. (Македониум)