ПРЕСПА, РАЈ НА ЗЕМЈАТА

Преспа! Овој дел од земјината топка кој е така мирно разубавен со тивките езерски води, Преспа, оваа котлина која е една во светот, а која се граничи со три држави.

Преспа ова подрачје кое според името како да спие – “спа-спојува”, миротвори.

И ако е во три држави, во името на оваа Преспа и според името таа секогаш спојувала.

Преспа! Ова име кое има значење во мирот, во името на Преспа се правени и се прават разни договори за развој и заштита на природните богатства, на сите делови од овој регион, без разлика во која држава се наоѓа.

Така да населението од трите општини, Пустец, Преспа и Ресен на тие држави кои се дел од оваа природна убавина имаат барано до своите влади да се заштити ова подрачје, овој регион заради нивната посебност и реткост кој е дар од Бога.

И секоја држава, Албанија, Македонија и Грција го има прогласено овој дел за национален Парк. Целта на прогласот за Национален парк е заштита на природните и културните наследства.

Националниот Парк Преспа е создаден во 1999 со финансиска поддршка од германската Влада преку Агенцијата за развој ГИЗ (тогаш ГТЗ) и официално почна со работа во 2000 година.

Општина Пустец се наоѓа во Република Албанија. Таа се одликува со убава природа, прекрасни пејзажи, со посебните места со високи вредности за туризмот.

Општина Пустец има површина околу 200 км2.

Територијата на Општина Пустец се совпаѓа со Националниот Парк Преспа.

Паркот Преспа е основан од Советот на Министри на Р.Албанија на 18.02.1999 година како Туристичко подрачје и Национален Парк Преспа. Паркот Преспа во Р. Албанија има површина од околу 27,751 хектари.

Големото Преспанско Езеро му дава на овај крај посебна убавина.

Езерото е 54 метри глобоко и околу 253,6 км2 од кои Република Албанија има 49 км 2. Езерото е богато со многу видови риби, птици како и пеликани кои му даваат посебна убавина на оваа езеро и овој крај.

Крајбрежјето на Преспанското Езеро е на места со убави плажи од песок и од ситен камен на места со високи карпи во кои се сместени пештерски црки изградени во времето на нашите светители Климент и Наум.

Општина Пустец е од ретките општини во Република Албанија која се граничи со две држави – Македонија и Грција. Подрачјето на Преспа географски е позитивно фаворизирано подрачје, еколошки чисто, со чист воздух.

За посетителите што обожаваат истражување во Преспа и Националниот Парк Преспа понудува разни можности каде има човек што да види од разни пејсажи, цркви, културно историско богато наследство, праисториски живеалишта и многу интересни работи.

Културата наша е сестрана.

Мала Преспа има родено патриоти, борци, партизани, интелектуалци, професори, писатели големи како Стерјо Спасе од село Глобочени.

Стерјо Спассе е писател, интелектуалец кој дал голем придонес за развој и афирмација на македонската култура во Албанија и пошироко кој работел за мирот и хармонијата меѓу народите.

Како Македонци ние имаме култура по која се разликуваме по јазик, носии, фолклор, закони, приказни, легенди и др.

Општината подигна споменик на Стерјо Спасе и изгради музреј во негова чест во родното село Глобочени.

Верата наша: Црквите кои може да ги одвоиме како повеќе посетени од туристите се: Црквата Св. Богородица во островот Мал Град како и самиот остров. Манастирот на Маченичка Св. Марина, каде се наоѓаат повеќето мошти од неа, манастирот е во близина до село Туминец.

Пештерските цркви покрај брегот на преспанското крајбрежје сместени во високите карпи кои се изградени од монасите во XII и XIII век. Плоштадот на Општина Пустец во средина со црквата Св. Архангел Михаил. Овие туристички и свети места се најпосетени од туристите странци и
домашни.

Културни споменици заштитени од прва категорија во Општина Пустец се:

– Црквата Св. Богородица во островот Мал Град од 13 век

– Палеохристијанска Базилика од 6 век во месноста вакофче до Средна Горица

– Црквата Св. Димитрија Село Туминец од 11 век

– Пештерската црква Св.Марија во месноста Глобоко од 13 век

-Црквата Св.Марија во село Глобочени од 13 век

-Кулата од турско во Глобочени од 18 век

-Кулата од турско во Горица од 18 век

Природни споменици заштитени во Општина Пустец се:

– Островот Мал Град

– Месноста Завер каде водата од Преспанско Езеро преку подземни канали тече во Охридското Езеро

– Дабови растенија дрва стари 150-200 год во близина на село Шулин

– Посебни ретки растениа дрва фоја (Јуниперус екселса).

Во Општина Пустец се наоѓаат и археолошки локалитети.

– Праисториското живеалиште кое датира од 5 век пред нашата ера се наоѓа до село Туминец и др.

Општина Пустец има високи планини, гории убави богати со посебна флора и фауна со многу билки, тревки, чаеви со кои можи повеќе да се развие руралниот туризам. Нашите гори и планини се богати со разноразни ретки растенија, дрвја и со многу животни.

Планините се голема атрактивност за туриститe.

Македонците во Преспа е пријателски и гостопримливи кон секој гостин и посетител.

Општина Пустец се гордее со својата кујна, туристите овде може да вкусат био и традиционална храна како риба, месо и се што нуди оваа наша прекрасна општина.

Општина Пустец е привлечна точка на Балканот, но и пошироко за туристите.

Имаме што да им понудиме на туристите, кон подобро оди, но треба и уште многу да се прави.

Пишува: Илија Темелко