МАЕИ: ЧЕСТИТ ГОЛЕМИОТ ПРАЗНИК РАМАЗАН БАЈРАМ

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите верници од муслиманска вероисповед им го честита големиот муслимански празник Рамазан Бајрам и посакува празничните денови да минат во среќа, радост и добро здравје.

Честит големиот празник Рамазан Бајрам. Нека овие денови кај секој човек ги потврдат вредностите на слогата, толеранцијата и духовниот напредок и сите заедно да имаме спокоен и среќен живот.

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) посакува сите заедно да продолжиме со заемното одбележување на празниците на различните верски заедници, кои се столб на градење на соживотот.

©Македониум