Одржана изборна конференција на Општинскиот Комитет Елбасан на Македонска алијанса за европска интеграција

Во Елбасан, Албанија на 11 март 2013 година се одржаа втората Изборна Конференција на Општинскиот Комитет на Елбасан на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

 

На Изборната конференција учествуваше и Едмонд Темелко претседател на партијата Македонска алијанса за европска интеграција (М.А.Е.И).

На конференцијата се разгледа досегашната работа на Општинскиот Комитет на Елбасан на (М.А.Е.И), и се гласаше за избор на претседател, потпреседател, секретар и членови во Извршниот одбор.

Конференцијата,  за претседател, едногласно го избраа Рифат Амини, за потпреседател беше избран Сами Терзиу, додека за секретар беше избран Дефрим Алуши.

Исто така, се избра и извршниот одбор на Општинскиот Комитет Елбасан на Македонска алијанса за европска интеграција.

Новоизбраниот претседател на Општинскиот Комитет на Елбасан, Рифат Амини се заблагодари за дадената доверба и истакна дека во Елбасан живее голем број Македонци со потекло од Голо Брдо и дека време е да се слушни нашиот глас во Елбасан, доста веќе гласавме за албанските партии кој иако ги земаат наштите гласови ништо не прават за нас Македонците. Треба да си гласаме за нашите луѓе, за нашата македонска партија, Македонска алијанса за европска интеграција, само така ќе се слушни нашиот глас во Елбасан па и во Албанија. Колку не има Македонци по Голо Брдо, Преспа, Гора и во градовите низ цела Албанија, само обединети ќе бидиме фактор овде во Албанија”, – истакна Рифат Амини.

Исто така, пред присутните свое обраќање имаше и претседателот на Македонска алијанса за европска интеграција, Едмонд Темелко кој истакна дека, Општинскиот комитет Елбасан е еден од подобрите Комитети на Македонска алијанса за европска интегрција во Албанија, тоа и го покажа за време на локалните избори во 2011 година со постигнатите резултати. На престојните парламентарни избори во Р.Албанија кој што треба да се одржат на 23 јуни 2013 година, Македонска алијанса ќе излези со свои кандидати во Елбасан, кандидати кој што треба да ги избери Општинкиот комитет на Елбасан и кој треба да се подржат од сите Македонци во Елбасан за постигнување на што подобри резултати, затоа што колку подобри резултати се постигнат толку повеќе ќе се направи за Македонците во Елбасан. – истакна Темелко.

Во следниот период ќе се одржат изборни конференции на сите комитети на Македонска алијанса за европска интеграција низ целата територија на Република Албанија и кон крајот на април 2013 година ќе се одржи вториот Конгрес на Македонска алијанса за европска интеграција. (Македониум)