МАЕИ: ХРИСТОВОТО ВОСКРЕСЕНИЕ ВЕЛИГДЕН Е ДЕЛ ОД НАШЕТО ДУХОВНО И НАЦИОНАЛНО БОГАТСТВО

Македонска алијанса за европска интеграција (МАЕИ) на сите православни верници им го честита големиот христијански празник Велигден, со најдобри желби за здравје, спокој и благосостојба!

Чествувањето на Празникот над празниците, Христовото воскресение Велигден е дел од нашето духовно и национално богатство. Ви посакуваме празнувањето на овој светол ден кој е темел на нашата вера и не учи на заедништво, да си помагате еден со друг и да го почитувате семејството и блиските и да ја имате силата која ви ја дава верата, стои во честитката на МАЕИ.

ЧЕСТИТ ПРАЗНИК И ЗА МНОГУ ГОДИНИ.

ХРИСТOС ВОСКРЕСНА!

НАВИСТИНА ВОСКРЕСНА!

АМИН!

©Македониум