Владите на Република Албанија и Република Македонија го одобрија отворањето на заедничка граничен премини Требиште-Џепиште

Големо Острени

Големо Острени

Владата на Република Албанија на владина седница на 06 февруари 2013 година донесе одлука со која се одобрува отворање на заедничкиот гранични премин  Требиште-Џепиште меѓу Република Албанија и Република Македонија.

„Отворањето на граничниот премин ќе го олесни движењето на жителите од двете страни на границата и ќе ги зајакне контролите на луѓето и возилата што ја преминуваат“, се вели во изјавата на албанската влада.

И македонската влада го одбори отварањето на овој граничен премин, додека на 18 февруари 2012 и македонскиот парламент со 64 гласови за и ниту еден против го ратификува договорот за отварање на новиот граничен премин помеѓу Албанија и Македонија, Требиште-Џепиште.

При расправата за ратификување на овој договор во македонскиот парламент, пратеникот Изет Зеќири од редовите на партијата Национална Демократска Преродба (НДП) реплицирајќи со пратеничката Ермира Мехмети од Демакратска Унија за Интеграција (ДУИ) изјави дека:

“Честитки за отварањето на граничниот премин Џепиште-Требиште, на Македонците во Албанија и го скративте патот за 30 км, додека на Албанците во Липково им го продолживте патот за 200 км кон Блаце”, – изјави Зекири.

Премиерите на Република Македонија и Република Албанија, Никола Груевски и Сали Бериша во 2008 година потпишаа договор за отворање нов граничен премин, но истиот не можеше да се спроведе поради технички проблеми. Новиот договор беше потпишан минатиот ноември.

Жителите на општина Требиште во Албанија, повеќе од 20 години бараат отварање на овој граничен премин.

Тие велат дека луѓето мора да патуваат и по 70 километри до најблискиот граничен премин кај Блато за да можат да ги посетат роднините и пријателите или за бизнис преку границата која е оддалечена 4 километри.

Преминот е особено важен за 12.000 локални жители и ќе го запре процесот на миграција од овој регион поради лошата економска ситуација и лошата инфраструктура. Во изминатите 20 години е инвестирано малку во овој дел од Албанија, каде што живеат голем број Македонци. Најблизок град е Пешкопеја, оддалечен 80 километри, и дотаму нема асфалтиран пат.

– Ставањето во функција на овој граничен премин ќе го запре иселувањето на Македонците од оваа најсиромашна област во Албанија. До пред дваесет години во областа живееjа над 35.000 Македонци, сега не има околу 12.000, а нема пат, водовод, канализација, амбуланти, училишта – велат од македонскoто друштво „Мост“ од Голо Брдо.

Македонската партија во Албанија, Македонска алијанса за европска интеграција на секоја своја средба во изминатите години со преставници на албанските и македонските институции лобираше за отворање на овој граничен премин.
Од македонска страна асфалтиран е пат до самото место каде што ќе се отвара граничниот премин, додека од албанска страна лошата е патна инфраструктура. На почетокот на ова година тендериран е патот и се очекува ова година да се асфалрита патот во должина од 4 километри од граница до центарот на Требиште. (Македониум)