Македонско-бугарски дуел на дебата за малцинствата во Албанија

Правниот факултет при Универзитетот „Марлин Барлети”, во соработка со албанскиот Институт за односи со јавноста при овој Универзитет, на 13-ти и 14-ти февруари организираа Меѓународна научна конференција „Албанија и националните и културните малцинства”.

На ова конференција  земаа учество бројни домашни и странски автори од повеќе области.

На Конференцијата се разгледа положбата на националните малцинства кој живеат во Албанија, се разговараше, анализираше како и се дебатираше за разни прашања поврзани со малцинствата во Албанија.

Најмногу дебата и реакција имаше на секцијата „Социо-економскиот статус на малцинствата во Албанија”. Имено во ова секција од Бугарија учествуваше Веселка Тончева од Институтот за фолклор при Бугарската Академија на Науките и Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија.

Веселка Тончева во својот реферат „Традиционални песни и Идентитетот: Заедницата од Голо Брдо (Албанија) помеѓу Бугарија и Македонија” на Конференцијата истакна дека со формирањето на албанската држава 1912 година на Албанија и се дадени чисти бугарски делови, како Мала Преспа, Голо Брдо и Поле или Долни Дебар.

Статусот на бугарското населени во Голо Брдо не е како бугарско малцинство затоа што Албанија официјално не признава такво малцинство. Според историските податоци кон крајот на 19 и почетокот на 20 век Голо Брдо се сметаше за бугарско, како составен дел на регионот Македонија. Според бугарските истражувачи јазикот кој што се збори од овие луѓе е познат како бугарски и припаѓа на групата од најзападниот бугарски – македонски дијалект. Според бугарски поглед, песните на ова заедница се бугарски.-истакна Тончева во својот реферат.

Овие нејзини тврдења наидоа на реакција од страна на Васил Стерјовски, македонски активист во Албанија, кој реплицираше дека ова е чиста бугарска пропаганда.

„Ова што госпоѓата Тончева го кажа е чиста бугарска пропаганда. Да се разбереме. Во Голо Брдо, Гора и Мала Преспа не постои бугарско малцинство кој тука дошле за време на некоја војна и тука останале. Во овие региони има чисто македонско население кое по јазик, култура, традиција па и фолклор ништо не го врзува со Бугарија или поконкретно со градот Плевен од каде што доаѓа госпоѓата Тончева. Ова население има ист јазик, фолклор и обичаи со Македонците од другата страна на границата, на пример Македонците од Мала Преспа имаат ист јазик обичаи со Македонците од Ресен од Македонија и Преспа под Грција, Македонците од Голо Брдо има ист јазик и фолклор со Македонците од Дебар. Пред сто години овие региони беа дел од етничката територија на Македонија, но со поделбата на Македонија од 1913 и со формирањето на албанската држава овие делови подпаднале под Албанија.

Госпоѓа Тончева е само емисар на бугарскиот проект за воскреснување на “Голема Бугарија”. Овој проект воскреснат е после 90-те години на минатиот век, каде Македонија е една од главните претензии на бугарските националисти. Бугарија вештачки се обидува да направи бугарско малцинство во Албанија, Косово и Грција, за да ја огради Македонија и да докажи дека неможи да постојат Македонци во Република Македонија, затоа што самата Република Македонија е оградена од Бугари”,  истакна Стерјовски.

Васил Стерјовски во својот реферат насловен “Македонците во Албанија во текот на 100 години од албанската држава” истакна:

“Македонците во Албанија ја делеле судбината на Македонија и македонскиот народ кој со поделбата од 1913 година била поделена помеѓу Србија, Бугарија и Грција а подоцна со формирањето на албанската држава делови од етничката територија на Македонија подпаднале под Албанија.

Македонците во Албанија ги населуваат областите Мала Преспа, Голо Брдо, Гора, Поле и Долни Дебар и неколку села во околијата на Корча, Поградец и Билишта.

Освен селата Mакедонците се сконцентрирани во градовите Тирана, Драч, Елбасан, Кукс, Корча, Поградец, Билишта, Либражд и други. (Македониум)