Пишува Тодор ПЕТРОВ
Ќе вдомиш куче или маче, се фалиш со педигрето негово…
А, ги знаеш ли своите корени, кои се мајка ти и татко ти, баба ти и дедо ти, прадедо ти и прабаба ти, така наназад со векови?
Каде и да си, никогаш не ги заборавај корените свои македонски во државата МАКЕДОНИЈА! Македонија е твојот код – клучот на универзумот, порталот до Создателот!
И, не срами се од себе си! Победи го стравот во себе од сатаните околу тебе! Душата само Бог ја дава и прибира, таа е твојата слобода! Вдиши ја слободата и изусти: Јас сум МАКЕДОНЕЦ, зборувам МАКЕДОНСКИ, мојата држава отсекогаш била Македонија и засекогаш ќе остане МАКЕДОНИЈА!
Името на мојата држава се состои само од еден и единствен збор – зборот МАКЕДОНИЈА, без додавки и без придавки! И затоа сме Македонци, како што, затоа што сме Македонци, името на нашата државата го нарековме – МАКЕДОНИЈА!
И не заборавајте: Македонски јазик, како ретко кој друг јазик во светот, е мисловен и слоговен, со буква за секој глас, во кое важи правилото – Пишувај како што зборуваш, читај како што пишуваш!
Мајката е љубов од исконот и матрица на животот!
Македонија е мајката на светот!
Затоа, и покрај се’ и после се’: Биди достоен Македонец и благодари му на Бога за секое утро и погледот во сонцето!
Македонија е Божји благослов и достоинство пред Господа!
Никогаш северна, само Македонија вечна од исконот до бескрајот! Амин!
©Македониум