Средба на амбасадорот Марковски со претседателот на Централната изборна комисија на Албанија

Во пресрет на локалните избори во Албанија, закажани за 14 мај, Македонскиот амбасадор Данчо Марковски имаше работна средба со претседателот на Централната изборна комисија, Илирјан Целибаши.

Меѓу другото, една од темите на разговорот беше посветен и на изборните материјали кои согласно законските прописи ќе бидат печатени и на македонски јазик.

Претседателот Челибаши го запозна амбасадорот Марковски со работата на ЦИК за подобра организација и подобро администрирање на изборниот процес.

Челибаши нагласи дека ЦИК веќе има посебна програма за изборна едукација на националните малцинства во Албанија и дека интензивно се работи на нејзино спроведување во сите општини каде што живеат.

©Македониум