Македонците во Албанија го прославија Божик

Големиот христијански празник Божик, денот на Христовото раѓање се прослави меѓу православните Македонци во Албанија.

Во духот на македонските обичаи и традиции, разменувајки желби за здравје, среќа, мир и благосостојба, голем број Македонци присуствуваа во црквите во Мала Преспа, Голо Брдо, Врбник, како и во градовите Корча, Билишта, Поградец, Елбасан и Тирана.

Македонците во с.Врбник и во градот Билишта го прославија Божик на 25 декември.

Како и секоја година и ова година за Божик, Македонците од Албанија кој се во емиграција, се вратија во своите родни места и заедно со своите најблиски го прославија Христовото раѓање.

©Македониум