Димитрија Чуповски во 1914: Не пречете ѝ на Македонија да стане целосна, самостојна, независна

Слава му на грамадниот Македонец Димитрија Чуповски. Роден на 8 ноември 1878 година во село Папрадиште, Македонија. Починал на 29 октомври 1940 година во Санкт Петербург (тогашен Ленинград), Русија.

„Ние Ви изјавуваме дека ние Македонците не сме Срби, не сме Бугари и не сме Грци. Но нашето срце е отворено за љубов и вечно пријателство спрема сите Вас. Одречете се само од она што во занесот на озлобувањето, предизвикано од подмолните интриги на нашите заеднички врагови сте го зеле со меч и што можете да го задржите само со силата на оружјето. Ставете го правото на она место што му припаѓа – над егоистичните сметки и насилства. И дајте ни нам, на Македонците, можност да го организираме својот живот во родната земја, во согласност со нашите интереси. Не пречете ѝ на Македонија да стане целосна, самостојна, независна. Слободата на Македонија Вам ќе Ви донесе мир, таа ќе стави крај на непријателството меѓу Балканците. Слободата на Македонија е неопходен предуслов за цврстината и полната слобода на целото јужно словенство.“

„Македонскiй Голосъ“, Година Втора, Бр. 11, 20 ноември 1914, стр. 200-201.

Гоце Панговски