Македонски здруженија од Балканот потпишаа декларација за унапредување на правата на Македонците

Шест здруженија од Македонија, Бугарија, Грција, Србија, Албанија и Косово денеска во Штип потпишаа декларација „За унапредување на правата и слободите на Македонците кои живеат во сите држави на Балканот”, во рамки на Семакедонскиот собир организиран од штипското Здружение „Мирка Гинова”.

Во рамки на собирот беше отворена и изложба на која беа презентирани и документи од змериканските архиви за постоење на Македонците во 19 и 20 век. Истражувањето на архивите низ светот од страна на историчарот Васил Стерјовски, резултираа со илјадници документи од печалбарите кои мигрирале во САД.
Тој изјави дека македонското малцинство се признава во Албанија и додава дека во делови од земјата се учи македонскиот јазик, но забележа дека изминатиот период во овие албански региони многу е силна бугарската пропаганда.

„Се работи за пропаганда што годишно троши милиони евра во своите цели. Го користи членството во ЕУ за притисок врз Албанија. Со таков притисок успеаја Албанија да признае непостоечко бугарско малцинство. Се обидуваат на пописот каде што живее македонско население да извадат Бугари“, вели Стерјовски.
Во организација на Здружението на Македонците од егејскиот дел на Македонија „Мирка Гинева” – Штип беше потпишана декларација за унапредување на правата и слободите на Македонците кои живеат во сите држави на Балканот.

„Секогаш овие патриотски декларации се добри. Со нив на меѓународните институции им укажуваме кои сме и што сме и што бараме“, вели отец Никодим Царкњас.

Претседателот на Здружението „Мирка Гинова”, Стојан Димков изјави дека го радува што денеска е потпишана декларацијата, но и што дојдоа гости од целата држава.

„Македонија е света земја и сум благодарен и среќен што денеска ја потпишавме оваа декларација“, вели Димков.

©Македониум