ПОЧИНА СПАСЕ ВУРМО: Беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија

Во шеесет и шестата година од животот, синоќа во село Туминец, Мала Преспа, почина Спасе Вурмо, голем македонски активист во Албанија.

Спасе беше долгогодишен активист и борец за правата на Македонците во Албанија. Од самото формирање беше член на друштвото „Преспа“, организација за заштита на правата на Македонците во Албанија, како и на партијата Македонска алијанса за европска интеграција.

– Спасе беше почитувана личност во Преспа и даде голем придонес во афирмација на Македонците во Албанија. Длабоко и искрено сочувство до фамилијата, напиша Васил Стерјовски претседател на МАЕИ, објавувајќи ја веста.

©Македониум