Новогодишни пакетчиња за дечињата од Пустец од нивните другарчиња од Штип

Акција на правење новогодишни пакетчиња организираа децата во двете детски градинки во Штип – “Астибо” и “Вера Циривири-Трена”.

Пакетчињата на децата од Штип беа наменети за своите другарчиња од Пустец.
Вкупно се направија 120 пакетчиња, по 60 од двете штипски градинки.

Вишна Шорова-Ангелова, од тимот за локален економски развој на општина Штип вели дека ова е втор пакет на помош што ја дава општина Штип за дечињата од Пустец. Во првата практа Штип за Пустец заминаа компјутери

Идејата беше од општината, а соработката на градинките е и со бизнис секторот.

Директорите на штипските детски градинки се задоволни, затоа што децата од мали се учат на хуманост.

Новогодишните пакетчиња на децата во Пустец ги предадоа, градоначалникот на Општина Пустец, Едмон Темелко и Вишна Шорова Ангелова од делегацијата од Штип. (Македониум)